Вечерва во Амфитеатарот во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на Фестивалот на балкански и медитерански филма „Преку езерото”.
На свеченоста ќе бидат соопштени добитниците на наградите, а вечерта ќе биде заокружена со проекција на српскиот филм „Кармадона” во режија на Александар Радивојевиќ.
– Мислам дека сите уживаме во туѓата несреќа. Тоа е стара човечка особина, секогаш гледаме дали некому му е полошо отколку тебе. Кај нас тоа е еден вид национален спорт- да му умре кравата на комшијата. Тоа е пред се поради тоа што сите се некако несреќни со своите позиции, љубоморни сме на луѓето покрај нас и никому ништо не му е доволно. „Кармадона” го отвора токму тој момент и сето тоа излегува на виделина и може отворено да се изрази без прикривање, рече Радивојевиќ.
Николај Мутафчиев, продуцентот на филмот „Месо” синоќа по проекцијата на филмот во Амфитеатарот во Дојран се заблагодари на сите што присуствуваа на проекцијата, покажаат почит и се заблагодари на Фестивалот „Преку езерото” на поканата.
Филмот засади зрно емпатија во срцата на публиката и нам како на публика ни останува да одгледаме шума на почит која треба да ја имме едни кон други. Во него се обединуваат бугарската и јапонската култура, традиција кои се сосема различни.
-Ова е мошне личен филм за режисерот. Неговата мајка е познатата актерка Ана Бакалова, кој почина од канцер и за него беше многу важно да се направи овој филм за да и оддаде почит. Тој и се восхитува на јапонската филозофија и сметаше дека е најлогично да се обединат месото и душата и бугарската и јапонската култура и традиција, рече Мутафчиев и посочи дека овој филм на филмскиот фестивал во Софија ја добил наградата на публиката.
15 Јули СРЕДА – Амфитеатар Дојран
20:00 Свечено затворање на фестивалот
20:30 АНАЛОГНИ ДУШИ, режија Марија Грчева / МАКЕДОНИЈА
ANALOGUE BEINGS Directed by Marija Grcheva / MACEDONIA / 2026 / 22min
ОФИЦИЈАЛНА СЕЛЕКЦИЈА
21:00 КАРМАДОНА, режија Александар Радивојевиќ / СРБИЈА / 2025
KARMADONNA directed by Aleksandar Radivojevic / SERBIA / 2025 / 118 min