Во најновата анкета на „Трн“, ги прашуваме граѓаните од неколку различни професии „Како е на работа?“, и „Што им е најтешко и најубаво“.
„Најтешкото е брат, кога ќе затвориш дуќан, да ти дојде некој на крај и ќе треба да го сработиш, а најубавото ти е, брат, да имаш работа, да сменам 20-30 гуми“, вели еден вулканизер.
„Може и подобро да биде… “, „Добро е кога има работа“ – велат дел од работниците.
А еве што ни кажа еден скопски чевлар: „Кога работиш е добро, ако не работиш, нема ништо“. „Најтешкото се гужвите во сообраќајот“, се пожали еден професионален доставувач. „Поголемиот дел од работната сила оди во Хрватска, претежно, и тука настанува малце проблем со услужувањето на луѓето“, се пожали еден угостител.
А што е најубаво? – „Најубаво е кога ќе излезе муштеријата задоволен, контактот со луѓето, посебно со дечињата“, вели една продавачка на храна. „Најтешко е кога си втора смена, а утре прва, а најдоброто е кога ќе си идеш со полн џеб пари“, се пофали еден скопски келнер.