Сопствениците треба во најкраток рок да ги отстранат пловните објекти од крајбрежниот појас, во спротивно тие ќе бидат отстранети на нивен трошок.
Сопствениците на пловни објекти, односно кајчиња, треба во најкраток временски период да ги отстранат од крајбрежниот појас кај локалитетот „Сараиште“ и во рибарската населба „Пештани“, информираат од локалната самоуправа.
Доколку сопствениците не постапат по ова известување, Општина Охрид и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за нивно отстранување. Трошоците за интервенцијата ќе бидат на товар на сопствениците на пловните објекти.
Од Општината посочуваат дека отстранувањето е потребно поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето пред официјалниот почеток на летната туристичка сезона.
Целта е крајбрежниот појас кај „Сараиште“ и „Пештани“ да биде уреден и подготвен за туристите и посетителите во претстојниот летен период.