Трагедија во Србија: две 15-годишни момчиња се удавија во Јужна Морава

Две 15-годишни момчиња се удавија во Јужна Морава во близина на Сталаќ, додека во одделен случај 13-годишно девојче се удави во Велика Морава.

Две 15-годишни момчиња се удавија во неделата во Јужна Морава, во близина на селото Сталаќ, потврди Полициската управа Крушевац.

Според информациите што ги пренесува Н1, момчињата се удавиле додека ловеле риба во близина на железничкиот мост над Јужна Морава во Сталаќ.

Медиумите објавуваат дека момчињата, според првичните информации, биле повлечени од вртлог. Од Н1 пренесуваат дека нема елементи на кривично дело, а надлежните органи ги утврдуваат околностите под кои дошло до трагедијата.

Настанот предизвика шок и тага кај жителите на Сталаќ и околните места.

Во неделата во Србија се случила уште една трагедија. Тринаесетгодишно девојче се удавило во Велика Морава, во близина на Велика Плана. Нејзиното тело го пронашле нуркачи од жандармеријата вчера попладне, околу 17 часот.

Како што пренесува Н1, девојчето претходно шетало со другарка покрај реката.

е-Трн да боцка во твојот инбокс