ЈСП воведува дополнителни автобуски линии за Саемот на книгата во Скопје

ЈСП Скопје ќе воведе засилени и дополнителни линии за полесен пристап до Саемот на книгата. Линиите ќе сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“ во периодот на одржување на манифестацијата.

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) ќе обезбеди дополнителен јавен превоз за посетителите на 38. „Меѓународен саем на книгата“, кој ќе се одржува во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во периодот од 23 до 29 април 2026 година.

Според најавата, во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени линиите „100“ и „200“ со цел полесен и побрз пристап до саемската локација.

Линијата „100“ ќе сообраќа од Ново Лисиче до СЦ „Борис Трајковски“ преку главните градски булевари и сообраќајници, со повеќе поаѓања во текот на денот. Линијата „200“ ќе тргнува од Дексион и ќе се движи преку Ѓорче Петров и булевар „Партизански одреди“ до истата дестинација.

Од ЈСП информираат дека од СЦ „Борис Трајковски“ ќе има организирани повратни возења во истите временски интервали, со цел непречен транспорт на посетителите.

Билетите за користење на линиите ќе се наплаќаат согласно важечкиот тарифник за јавен градски превоз.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни