ЈСП Скопје информира дека автобусите во градскиот јавен превоз моментално работат според зимскиот возен ред.
Поради тековни градежни активности на одредени патни делници, привремено се променети трасите на десет автобуски линии. Измените ги засегаат линиите 3б, 4, 7, 9, 18, 23, 24, 44, 54 и 118, кои на дел од своите рути сообраќаат по алтернативни правци.
Претпријатието ги повикува граѓаните редовно да се информираат за актуелните промени и да ги почитуваат привремените измени, со цел непречено користење на услугите на јавниот превоз.