Пет бендови, пет вечери: џез седмица во Бруклински Jazz Bistro

Од 22 до 28 јули, Бруклински Jazz Bistro во Скопје ја отвора сцената за пет различни изведби, секоја вечер со нов состав.

Бруклински Jazz Bistro во Скопје оваа недела, од 22 до 28 јули, организира пет џез вечери со пет различни изведувачи.

Распоредот опфаќа пет датуми со по еден настап дневно: 22 јули настапува IN THE MOOD, на 23 јули е на ред Skopje Jazz Inc., на 24 јули свири BT Trio, на 25 јули настапува Filip Dinev Trio, а седмицата ја затвора Simeon Petrov Trio на 28 јули.

За тие кои што во жешкиот јули останаа во Скопје, Бруклински е вистинското место за летно разладување, но и квалитетна музика.

Организаторите ја оставаат публиката сама да избере пристап, една конкретна вечер или сите пет по ред.

е-Трн да боцка во твојот инбокс