Јапонија стана поголема за 50 хектари

Подводна вулканска ерупција создаде ново копно на јапонскиот остров Иво Џима, а сателитските снимки на НАСА покажуваат како се менува неговото крајбрежје.

Додека во многу делови од светот морето постепено го голта копното, во Јапонија се случува обратниот процес. Подводна вулканска ерупција го зголеми островот Иво Џима за околу 50 хектари, односно за 1,7 проценти од неговата површина.

НАСА на 24 ноември објави сателитски снимки на кои се гледа новоформираниот дел од островот. Вулканската активност започнала кон крајот на октомври, а промените на крајбрежјето станале јасно видливи во првата половина на ноември.

Новото копно има приближно триаголна форма и се надоврзува на постојната плажа со црн вулкански песок.

Дали новото копно ќе преживее?

Научниците предупредуваат дека проширувањето на островот не мора да биде трајно. Материјалот исфрлен при ерупцијата е изложен на морските бранови и ерозијата.

Слична појава била регистрирана и во 2023 година, кога новоформираното копно исчезнало по неколку недели.


Истражувачите сега ќе користат сателитски податоци за да утврдат дали новата површина ќе продолжи да расте или постепено ќе исчезне во океанот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс