По успехот на песната „Лидија“, младиот артист Јанг Дади продолжува во препознатлив забавен стил и ја претстави новата песна со видеозапис – „Син на мама“. Во центарот на приказната е необична љубовна „аудиција“ во која девојките не се обидуваат само да го освојат срцето на артистот, туку мора да го поминат и најстрогиот критериум – одобрувањето од неговата мајка.
„Син на мама“ носи хумористична приказна за млад човек кој конечно сака да ја најде вистинската девојка, но патот до љубовта станува многу покомплициран кога главниот збор го има мама.
„Љубовта е слепа… ама мама гледа сè“, е пораката зад видеото, кое низ сатира и комични ситуации го прикажува судирот меѓу љубовта, очекувањата и семејните критериуми
Во видеозаписот, секоја кандидатка се соочува со низа предизвици, љубоморни моменти и смешни ситуации, а главното прашање останува – дали ќе успее да ја „преживее“ најтешката аудиција во животот.
„Син на мама“ комбинира модерна визуелна естетика, комедија и препознатлив популарен пристап со кој Јанг Дади продолжува да гради свој стил на музичката сцена.