Извлечена лото седумка од 3,4 милиони евра во Србија, добитното ливче е уплатено во Ниш

Во 93. коло на Државната лотарија на Србија, одржано вечерва, погодена е главната премија на територијата на нишката општина Црвен крст.

Добитник на лото седумка вредна 3.400.000 евра е извлечен во 93. коло на Државната лотарија на Србија, одржано вечерва. Добитното ливче е уплатено во Ниш, на територијата на општината Црвен крст, соопштија од српската лотарија. Покрај главната награда, во истото коло 19 играчи погодија шестка вредна по 124.188 динари, додека премиите во дополнителните игри Лото плус и Џокер останаа неизвлечени.

Во главното извлекување на 93. коло, беа извлечени броевите 21, 5, 8, 11, 3, 26 и 10, а тикет со токму таа комбинација бил уплатен во Ниш.


Покрај главната премија, Државната лотарија на Србија регистрираше 19 добитници на шестка во ова коло. Секој од овие 19 играчи освои поединечна добивка во износ од 124.188 динари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс