Израелците го нападнаа и третиот нуклеарен објект во Иран: Ги уништивме објектите

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) потврди дека Израел извршил напад врз нуклеарен објект во иранската провинција Исфахан, додавајќи дека операцијата е „во рана фаза“.

„Израелските воздухопловни сили извршија напад врз ирански нуклеарен објект во областа Исфахан“, соопшти израелската армија. Нападот е извршен со прецизни разузнавачки информации обезбедени од Одделот за разузнавање, додаваат тие.

Целта беше фабрика која е во фаза на таканаречена реконверзија на збогатен ураниум – следен чекор по збогатувањето во процесот на производство на нуклеарно оружје.

Во нападот беа уништени капацитети за производство на метален ураниум, инфраструктура за конверзија на збогатен ураниум, лаборатории и дополнителни елементи на нуклеарната инфраструктура.

Што има таму?

Во постројката за конверзија на ураниум во Исфахан, централен Иран, суровиот ураниум се преработува во ураниум тетрафлуорид (UF4), а потоа во ураниум хексафлуорид (UF6), гас кој служи како суровина за центрифугите. Фабриката беше индустриски тестирана во 2004 година по завршувањето на изградбата.

Во центарот на Исфахан има и капацитет за производство на нуклеарно гориво, кој беше отворен во 2009 година и произведува ниско збогатено гориво за употреба во нуклеарните централи. Во јули 2022 година, Иран ги објави плановите за изградба на нов истражувачки реактор на локацијата

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни