Израел ја зголеми воената готовност поради стравувања од нова ескалација со Иран и е подготвен да се приклучи на евентуални американски напади, јавуваат израелските медиуми. Според телевизиите Кан и Канал 12, тензиите дополнително се зголемиле по телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател и израелскиот премиер.
Израел подготвува можни напади врз иранска инфраструктура
Израелската јавна телевизија Kan, повикувајќи се на безбедносен извор, објави дека во случај на американска воена акција, Израел би учествувал во нападите и би таргетирал иранска енергетска инфраструктура. Според истиот извор, Трамп и Нетанјаху во разговорот што траел повеќе од 30 минути разговарале за можноста од обновување на конфликтот со Иран.
Телевизијата Channel 12 наведува дека разговорот бил одржан „во сенка на подготовките за можна нова конфронтација со Иран“, а Израел очекува навремено известување од САД пред каков било евентуален напад.
Во меѓувреме, американскиот претседател се соочува со притисоци од повеќе страни, вклучително и од Кина, да избегне нова воена ескалација и да се обиде конфликтот да се реши преку преговори.
Иран ја засилува контролата врз Ормутскиот теснец
Од Tехерн истовремено пристигнуваат информации за засилени безбедносни мерки во Ормутскиот теснец – еден од најважните светски поморски коридори за транспорт на нафта. Иранските власти порачаа дека секој премин низ теснецот мора да биде координиран со иранската армија и IИсламската револуционерна гарда
Според иранските поморски сили, воените бродови и пловила на земји што се сметаат за противници нема да можат да транзитираат низ теснецот, додека „пријателските држави“ ќе добијат дозвола за премин.
Во последните денови низ Ормутскиот теснец поминале меѓу 30 и 40 бродови, главно во сопственост на кинески компании, но во изминатите 24 часа не е регистриран нов поморски сообраќај.