Search

Изложба на студенти на Факултетот за уметност и дизајн  

Во четврток, на 9-ти мај во Галеријата на Младинскиот Културен Центар, ќе биде отворена изложба на студенти од Факултетот за уметност и дизајн на Меѓународниот Балкански Универзитет.

Посетитетелите ќе имаат прилика да видат студентски дела изработени во традиционални медиуми, како дел од работните задачи на Факултетот за Уметност и Дизајн. 

Изложбата претставува одбележување на соработката помеѓу двете институции и нивниот придонес во културната и социјална едукација на младите. Студентското претставување пред пошироката јавност ќе ги прикаже нивните креативни, иновативни и уметнички способности преку негувањето на традиционалните ликовни дисциплини како што е цртежот, графиката и сликарството. 

„Оваа иницијатива ги поддржува младите уметници да продолжат да ги градат своите креативни идеи, како и одлична можност да се сретнат со публика и критика надвор од образовниот процес. Со тоа им се овозможува реална пракса и поблиска интеракција со нивната идна професија. МКЦ отсекогаш претставувал простор за стимулирање на младата публика кое е од големо значење за формирањето и влијанието на културниот развој во заедницата.“ , се вели во најавата за изложбата.

Изложбата е отворена до 14.05.2024 година.

Најново

Последни колумни