Изложба „Дијалог на форми“ во галерија „Остен“ – Јанкуловски и Крстаноски во уметнички дијалог

Во галерија „Остен“ во Скопје е отворена изложбата „Дијалог на форми“, каде се претставени слики од Мице Јанкуловски и скулптури на Блаже Крстаноски, достапна до 8 јули.

Во галерија „Остен“ вечерва од 20 часот беше отворена изложбата „Дијалог на форми“, на која се претставени слики од уметникот Мице Јанкуловски и скулптури на Блаже Крстаноски. Како што соопштија од „Остен“, изложбата го истражува визуелниот дијалог меѓу двајца автори, две различни уметнички дисциплини и два креативни пристапи.

Организаторите истакнуваат дека делата создаваат своеобразен разговор без зборови, во кој формите на платното и скулптурите во просторот комуницираат, се надополнуваат и понекогаш контрастираат, но заедно создаваат целосна уметничка целина. Посетителите имаат можност да ја доживеат изложбата како интерактивно визуелно искуство, во кое самите стануваат дел од „разговорот“ помеѓу уметничките форми.

Изложбата ќе биде отворена за јавноста до 8 јули.

е-Трн да боцка во твојот инбокс