Излезе од печат книгата „МУЗЕЈ НА ЗАБОРАВОТ“ за која авторот Сашо Димоски ја доби наградата „Антево Перо“

Специјалната едиција наградени автори, победници на Конкурсот за необјавена поетска книга на македонски јазик, што традиционално се распишува во чест на македонскиот поетски великан Анте Поповски, неодамна е збогатена со збирката „Музеј на заборавот“, за која авторот Сашо Димоски стана добитник на престижната награда „Антево перо“ за 2024 година.

Книгата ја издаде издавачки центар ТРИ, а наградата ја доделува Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски АНТЕВО ПЕРО, Скопје. Книгата ќе биде претставена во рамките на централната свеченост на седмото издание на меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“. Настанот е закажан за 3 октомври 2024 (четврток), во 19:30 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност, при што на авторот ќе му биде врачен и првиот отпечатен примерок.

е-Трн да боцка во твојот инбокс