Животот на Изабела Бојер е како возбудлив роман. Родена е во Париз како ќерка на африкански слаткар и мајка Англичанка. Изабела имала посебна убавина и на 20 години се омажила за Исак Сингер, производител на машини за шиење, кој тогаш имал 50 години. Со него имала 6 деца. По смртта на Сингер, Изабела станала најбогатата жена во земјата и наследила имот вреден 14 милони долари.

Вдовицата, Изабела патувала низ светот и подоцна се омажила за холандскиот виолинист Виктор Робстет, и станала грофица. Францускиот скулптор Фредерик Бартолди, Изабела го запознала на еден од настаните кои ги посетувале. Бартолди, импресионирана од нејзината убавина и историја, го искористил нејзиното лице како модел за Статуата на слободата.
По смртаа на Робстет, Изабела се омажила по трет пат. Умрела во Париз во 1904 година на 62-годишна возраст. Нејзиното лице живее во Статуата на слободата во Њујорк, симболизирајќи ја слободата и американската гордост.
Со својот живот, не е чудно што токму таа била избрана да биде модел за Статуата на слободата, бидејќи била олицетворение на „американскиот сон“.