Историски пресврт: САД и Иран потпишаа договор за крај на конфликтот

САД и Иран потпишаа меморандум за разбирање со кој се предвидува крај на воените операции и повторно отворање на Oрмутскиот теснец.

САД и Иран постигнаа меморандум за разбирање со кој се предвидува прекин на воените дејствија и почеток на процес за траен мировен договор. Според документот, двете страни се обврзуваат на запирање на непријателствата, повторно отворање на Хормушкиот теснец и постепено олеснување на санкциите кон Техеран.

Договорот, кој веќе е електронски потпишан, предвидува 60-дневен рок за финализирање на конечен спогодбен текст. Во него се вклучени и одредби за нуклеарната програма на Иран, економска реконструкција и надзор од МААЕ.

Иако документот се смета за политички рамковен договор, тој веќе предизвика силни реакции бидејќи означува потенцијален крај на долгогодишната ескалација меѓу Вашингтон и Техеран.

е-Трн да боцка во твојот инбокс