Светското првенство 2026 донесе историски преседан. За првпат од воведувањето на ФИФА ранг-листата во 1993 година, во полуфиналето се пласираа четирите најдобро рангирани репрезентации во светот.
За титулата светски шампион ќе се борат:
- Франција (1. место на ФИФА-листата)
- Аргентина (2.)
- Шпанија (3.)
- Англија (4.)
Ваков расплет не е забележан на ниту едно Светско првенство во последните повеќе од три децении.
Фаворитите ја оправдаа својата улога
Актуелниот лидер на ФИФА-листата, Франција, обезбеди полуфинале со победа од 2:0 над Мароко. Шпанија во драматичен четвртфинален натпревар ја совлада Белгија со 2:1, благодарение на голот на Микел Мерино во 88. минута. Најмногу неизвесност имаше во дуелот меѓу Англија и Норвешка, каде Англичаните победија со 2:1 по продолженија, а херој беше Џуд Белингем, кој ги постигна двата гола за својот тим. Во последниот четвртфинален натпревар, актуелниот светски шампион Аргентина по продолженија ја совлада Швајцарија со 3:1, а головите во дополнителните 30 минути ги постигнаа Хулијан Алварез и Лаутаро Мартинез.
Познат распоредот за полуфиналето
Во првото полуфинале ќе се сретнат:
- Франција – Шпанија (14 јули)
Во второто полуфинале ќе играат:
- Аргентина – Англија (15 јули)
Двете средби ќе започнат во 21:00 часот.
Новиот формат го овозможи историскиот расплет
Историското полуфинале е резултат и на новиот формат на Светското првенство, кое за првпат се игра со 48 репрезентации. При ждрепката, четирите најдобро рангирани селекции беа распределени во различни делови од елиминациската шема, што им овозможи да се сретнат дури во полуфиналето доколку ги оправдаат фаворитските улоги.
Токму тоа и се случи – сите четири фаворити успешно ги минаа претходните рунди, па за место во финалето ќе се борат првата против третата, односно втората против четвртата репрезентација на ФИФА-листата. Од воведувањето на светската ранг-листа во 1993 година, ваков состав на полуфиналисти не е забележан на ниту едно Светско првенство, што го прави Мундијалот 2026 единствен во историјата на фудбалот.