Транспортната компанија која добила задача да го превезе сирењето ангажирала подизведувач преку онлајн платформа, кој се покажал како бугарска транспортна фирма, соопшти во вторник полицијата во Бајројт.
Камионот уредно се појавил во млекарницата во Бајројт, го натоварил сирењето и заминал кон Франција. Никогаш, сепак, не пристигнал на договореното место за истовар. Засега не е јасно дали станува збор за кражба или за нешто друго, наведува DPA.
Германските транспортни здруженија веќе со месеци предупредуваат за нагло зголемување на слични случаи, поврзани со таканаречени „фантомски превозници”, измамници кои се претставуваат како легитимни транспортни компании преку онлајн платформи, ги превземаат пратките, а потоа стоката едноставно исчезнува.
Осигурителните компании оценуваат дека финансиските ризици од овој тип измама значително растат во последно време.