Ирански танкер со 1,9 милиони барели нафта наводно им „избегал“ на американските поморски сили

Ирански супертанкер со нафта вредна околу 220 милиони долари наводно пловел незабележано покрај американската морнарица и стигнал до Далечниот Исток без AIS сигнал.

Ирански супертанкер кој превезува речиси 1,9 милиони барели сурова нафта наводно успеал да ја избегне американската поморска контрола и без пречки да продолжи кон Далечниот Исток, објавува компанијата TankerTrackers. Според нивните податоци, вредноста на товарот се проценува на околу 220 милиони долари, а бродот е во сопственост на Иранската национална танкерска компанија (NITC).

Танкерот, идентификуван како „OGROMAN“ (IMO 9357183), последен пат бил забележан кај Шри Ланка пред повеќе од една недела. Потоа продолжил низ теснецот Ломбок во Индонезија, движејќи се кон островите Риау.

Она што ја зголемува мистеријата е фактот дека од 20 март бродот не емитува AIS сигнал – систем за автоматска идентификација кој се користи за следење на морскиот сообраќај. Сигналот бил исклучен по напуштањето на Малакскиот теснец.

Исклучувањето на AIS сигналот и движењето без јавно следење често се поврзува со обиди за избегнување санкции или надзор. Во овој случај, според TankerTrackers, танкерот успеал да помине незабележано покрај американската морнарица, што отвора прашања за ефикасноста на мониторингот на морските рути.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни