Иранското Министерство за надворешни работи демантираше дека меморандумот со Соединетите Американски Држави ќе биде потпишан во недела.
Портпаролот на Министерството, Есмаил Багаеи, изјави дека потпишување на меморандумот во Исламабад нема да се случи утре, пренесува Reuters.
Тој не ја исклучи можноста документот да биде потпишан во наредните денови, но порача дека е потребна претпазливост при објавување конкретни датуми.
Според Багаеи, внимателноста е неопходна поради „колебањето на другата страна“, што укажува дека договорот сè уште не е финализиран.
Изјавата доаѓа по претходни најави дека Вашингтон и Техеран би можеле наскоро да потпишат меморандум како дел од напорите за намалување на тензиите и отворање пат кон поширок договор.