iPhone 17 е најпродаваниот телефон во светот, Apple доминира во топ 3

Според Counterpoint Research, Apple доминира на глобалната листа, а најпродаван Android модел е Samsung Galaxy A07 4G.

iPhone 17 е најпродаваниот смартфон во светот во првиот квартал од 2026 година, покажуваат најновите податоци на Counterpoint Research. Според извештајот, основниот модел на Apple учествувал со 6 проценти од глобалната продажба на мобилни телефони во овој период.

Доминацијата на Apple е уште поизразена бидејќи веднаш зад iPhone 17 се пласирале iPhone 17 Pro Max и iPhone 17 Pro. Тоа значи дека компанијата ги зазела првите три места на листата на најпродавани смартфони во светот за првите три месеци од годината. Постариот iPhone 16, исто така, останал во топ 10 и се најде на шестото место.

Од Counterpoint оценуваат дека iPhone 17 продолжил да го надминува својот претходник благодарение на поголемиот основен капацитет за складирање, камерата со повисока резолуција и екранот со повисока стапка на освежување. Според аналитичарот Харшит Растоги, овие надградби го доближиле основниот модел до Pro верзиите и му дале поголема вредност за поширок круг купувачи.

Кај Android уредите, најпродаван модел бил Samsung Galaxy A07 4G, кој се покажал особено силен на пазарите во развој, меѓу кои Блискиот Исток, Африка и Латинска Америка. Во топ 10 се најдоа и Samsung Galaxy A17 5G, Galaxy A56, Galaxy A36 и Galaxy A17 4G, додека десеттото место му припадна на Xiaomi Redmi A5.

Иако се очекуваше силен настап на премиум моделите на Samsung, Galaxy S26 Ultra не влезе меѓу десетте најпродавани смартфони во првиот квартал. Според Counterpoint, моделот бил блиску до топ 10, но подоцнежното лансирање во март влијаело врз неговиот пласман. Топ 10 моделите заедно зазеле 25 проценти од глобалната продажба на смартфони во првиот квартал од 2026 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни