Скулпторот Серџо Фурнари од Њујорк вложи 100.000 долари (87.700 евра) лични средства за изработка на статуа на десничарскиот активист Чарли Кирк. Тој очекуваше да заработи милиони од продажбата, но наместо тоа, се соочува со финансиски загуби. Делото стои непродадено, а Фурнари добива пораки од луѓе кои се закануваат дека ќе го осквернават.
Наместо очекуваниот профит, Фурнари сега бележи финансиски загуби. Дополнителен проблем за скулпторот се пораките што ги добива, во кои лица се закануваат дека ќе ја осквернават статуата. Делото и понатаму останува без купувач.
🔥🚨 BREAKING — The official Charlie Kirk Monument by master sculptor Sergio Furnari will be revealed in Times Square on September 10.
— The Patriot Oasis™ (@ThePatriotOasis) July 14, 2026
A fitting honor in the heart of New York for a man who fought fearlessly for conservative values.
For Charlie!pic.twitter.com/irIdObzDOZ
Склупторот тврди дека ја изработил статуата за да го слави првиот амандман на САД и слободата на говорот, но и да го одбележи делото на Кирк.
Сепак, неговата инвестиција се покажа како погрешна, поради што и започна кампања за да си ги врати парите, но наместо очекуваните милиони, досега собрал само 1400 долари.
„Мислев дека тоа ќе одекне во светот, кај било кој, но луѓето се чудни. Никој не нуди поддршка, особено не финансиска“ вели тој.
Неговиот последен план е да ја постави статуата на Тајмс Сквер во Њујорк на 10 септември, на годишнината од смртта на Кирк, надевајќи се дека така ќе креира интерес и ќе врати дел од вложените средства.