На трети септември (четврток) со почеток во 19 часот во Националната галерија Чифте Амам во Скопје ќе се одржи изложбата „Инсипрација“ со дела на уметничките Барда Буза, Мерита Мидеризи-Малоку и Вјоса Бујари-Малиќи
Три пристапи, три различни уметнички света
Барда Буза, Мерита Мидеризи-Малоку и Вјоса Бујари-Малиќи градат три различни пристапи кон современото сликарство. Во нивните дела, реалноста не останува само предмет за гледање, туку се трансформира во доживување, меморија, емоција и сликарска материја.
Ако кај Буза доминира дијалогот помеѓу апстрактното, пејзажот и меморијата, кај Малоку природата и светлината стануваат извор на поетски и експресивен свет. Додека кај Бујари-Малиќи, формата и материјата создаваат послободен јазик, каде што фигурата се трансформира и добива нови значења.
Сите тројца уметници сведочат дека сликарството не е само начин на прикажување на светот, туку и начин на негово чувствување, сеќавање и повторно измислување.
Барде Буза е ликовна уметница од Косово, чија кариера опфаќа повеќе од три
децении постојана уметничка пракса, образование и културен ангажман.
Дипломирала на Факултетот за уметности при Универзитетот во Приштина,
каде ги завршила и постдипломските студии по сликарство. Буза се истакнала
како препознатлив глас во современата албанска ликовна уметност преку богат
опус на дела обележани со поетска симболика, експресивна боја и длабока
чувствителност кон природата и човечкото искуство. Буза има реализирано
бројни самостојни изложби низ Косово, Албанија, Северна Македонија и
Германија, а учествувала и на широк спектар меѓународни изложби, уметнички
симпозиуми и уметнички колонии низ цела Европа. Нејзиниот уметнички
придонес е признат со повеќе престижни награди, меѓу кои и првите награди на
Изложбата „Флака е Јанарит (Пламенот на јануари)“ (2020) и на Изложбата на
Градот Приштина (2008). Покрај нејзината пракса во ателје, таа активно се ангажирала и како универзитетски предавач, куратор и автор на учебници по
ликовна уметност, со што значително придонела за уметничкото образование и
културниот развој во Косово. Денес, Барде Буза продолжува да создава дела кои ја поврзуваат уметничката традиција и современото изразување, афирмирајќи ја уметноста како универзален јазик на убавината, сеќавањето и човечката поврзаност.
Мерита Мидеризи Маљоку е едно од познатите имиња на современата албанска ликовна уметност, сликарка која, преку богато и континуирано творештво, изградила посебен уметнички идентитет на Косово и пошироко. Родена на 30 септември 1961 година во Пеќ, таа уште во детството ја открила склоноста кон уметноста, претворајќи ја раната страст во долг творечки пат.
Академското образование го стекна на Академијата за ликовни уметности при Универзитетот во Приштина, каде што студирала под менторство на истакнатиот сликар Муслим Мулиќи. Во текот на овој период, таа ги изгради темелите на автентичен уметнички јазик, поврзувајќи ја дисциплината на класичната традиција и современото истражување и творечкото експериментирање. Овој пристап и овозможи да развие препознатлив стил во кој естетската сензибилност и емоционалната изразност коегзистираат во хармонија.
Од почетокот на 2000-тите, творештвото на Мерита Мидеризи Маљоку стана важен дел од албанската ликовна сцена. Нејзините слики се карактеризираат со постојан дијалог меѓу пејзажот, меморијата и човечкото искуство. Преку богата палета на бои, динамични композиции и испреплетување на реалистични и апстрактни елементи, таа создава дела кои го надминуваат визуелниот опис и прераснуваат во емоционални и рефлексивни доживувања.
Во текот на својата повеќегодишна кариера, Мерита Мидеризи Маљоку учествувала во значителен број изложби, симпозиуми и уметнички проекти на Косово, во Албанија и во други земји од Југоисточна Европа. Нејзините дела се изложувани во галерии и значајни културни институции, а се вреднувани за оригиналноста, изразната моќ и уметничкиот квалитет. Нејзиниот придонес е почестен со награди и признанија, со што се зацврсти нејзината позиција во современата уметност.
Покрај самостојното творештво, Мерита даде непроценлив придонес во развојот на уметничкиот живот на Косово како куратор, организатор на културни активности и едукатор. Преку својот ангажман во средното уметничко образование во Приштина, таа влијаеше на формирањето на новите генерации уметници, пренесувајќи им не само професионални знаења, туку и љубов кон уметноста, естетското истражување и творечката слобода.
Вјоса Бујари Малиќи е родена на 24.2.1964 година во Приштина. Сите степени на
образованието ги завршила во Приштина. Во 1988 година дипломирала на Факултетот за ликовна уметност, отсек сликарство, во класата на проф. Нусрет Салихамиџиќи и се стекнува со титулата професор по ликовна уметност. Вјоса Бујари Малиќи, покрај својата работа, каде што моментално работи во СУ. „28 Ноември“ како професор по уметност, се занимава и со творештво, при што сликарството зазема значајно место и е важен дел од нејзиниот живот.
Својата прва самостојна изложба ја одржа во 1996 година во КУД „Агими„, Призрен, каде што беше активна низ годините во своето творештво. Вјоса работеше долги години зад сцена, а потоа се врати на сцената во 2018 година со самостојна изложба во галеријата „МОНЕТ“, каде што постигна голем успех, но тоа сепак не го означи нејзиното целосно враќање. Во 2020 година, Ковид-19 се прошири низ целиот свет, па така и Косово, заедно со другите држави, влезе во карантин. Како последица на тоа, таа имаше поголем контакт со природата, се поврза со неа уште повеќе и повторно откри извор на вдахновение за творештво. Истата година, Вјоса беше поканета да учествува на колективна изложба во уметничката галерија „Speak Easy“, под наслов „Уметниците за уметниците“, каде што нејзиното дело беше ценето од уметничките критичари и таа почна да биде повисоко вреднувана како единствена творечка уметничка личност.
Вјоса своето творештво го остварува во студио/ателје во населбата на уметниците, Улпијана. Редовно учествува на уметнички колонии во земјата, регионот и пошироко.
Вјоса продолжува со своето творештво и денес, останувајќи активна во областа на културата и уметноста преку изложби, колонии и уметнички работилници.
Нарона Лума Весели, кустос