Инфантино до критичарите: Сеете лажни вести и омраза

Инфантино тврди дека Светското првенство „ја славеше човечноста на најдобар можен начин“ и дека луѓето што дојдоа на турнирот биле безбедни и среќни.
Фото: EPA/SARAH YENESEL

Претседателот на ФИФА. Џани Инфантино, објави долга порака на Инстаграм во која го опиша турнирот во САД, Канада и Мексико како голем успех, но истовремено остро им одговори на сите оние што во изминатите недели упатија критики за организацијата, одлуките на ФИФА и поширокиот политички контекст на Светското првенство.

Инфантино тврди дека Светското првенство „ја славеше човечноста на најдобар можен начин“ и дека луѓето што дојдоа на турнирот биле безбедни и среќни.

Тој особено ја пофали соработката меѓу трите земји-домаќини и како пример го наведе доаѓањето на Иран во Соединетите Американски Држави.

Потоа, Инфантино им се обрати на критичарите на Светското првенство во 2026 година.

– Многу ми е жал што бевте толку обземени од омраза и критики па пропуштивте сè. До сите што го трошеа своето време и енергија на омраза, медитирајте, молете се, насмевнете се, поминете време со вашите најблиски или гледајте фудбалски натпревар, напиша Инфантино на социјалните мрежи.

За потсетување, на неодамнешниот Мундијал се случија неколку скандали, еден од нив е на укинувањето на суспензијата од еден натпревар за напаѓачот на САД, Фоларин Балогун. 

Се случи и несоодветен третман на иранската делегација при влегувањето во САД, хаос со визи каде што на стотици илјади навивачи и на некои судии им беше одбиен влез, а протече и тајно писмо во кое Инфантино го фали „професионализмот“ на Аргентинците кои физички ги нападнаа фудбалерите на Шпанија по финалето.

Светското првенство во 2026 година се одржа во Мексико, САД и Канада од 11 јуни до 19 јули. Во финалето, Шпанија ја победи Аргентина со 1:0 по продолженија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс