Инцидент по драмата во Атланта: Џуд Белингем удри аргентински фудбалер додека славеше победата

По елиминацијата на Англија од Аргентина во полуфиналето на СП 2026, Џуд Белингем влезе во инцидент со Валентино Барко за време на прославата.

Аргентина обезбеди пласман во финалето на Светското првенство по драматична победа над Англија со 2:1 во полуфиналето одиграно во Атланта. Англија имаше предност по голот на Ентони Гордон во 55. минута, но Аргентина направи голем пресврт во завршницата. Енцо Фернандес израмни во 86. минута, а Лаутаро Мартинез во втората минута од судиското продолжение го постигна победничкиот гол.

Со две асистенции, клучен придонес во победата имаше и капитенот на Аргентина, Лионел Меси.

Аргентина во финалето ќе игра против Шпанија, каде ќе се обиде да ја освои втората последователна и вкупно четврта светска титула. Финалето е закажано за 19 јули, додека Англија и Франција ќе се борат за третото место.

Тензиите продолжија и по последниот свиреж

По завршувањето на натпреварот, на теренот се случи инцидент кој привлече големо внимание. Фудбалерот на Англија, Џуд Белингем, стоел сам на средината на теренот, видно разочаран по елиминацијата, додека аргентинските играчи во близина ја прославувале големата победа. Според снимките од моментот, Белингем потоа се упатил кон аргентинските фудбалери и го удрил одзади во пределот на главата левиот бек на Аргентина, Валентино Барко.

Настана турканица меѓу играчите

Барко веднаш ја прекинал прославата и реагирал кон Белингем, по што се вмешале и останатите аргентински фудбалери. Ситуацијата брзо се вжештила и започнала турканица меѓу играчите на двете репрезентации, но конфликтот не ескалирал бидејќи фудбалерите успеале меѓусебно да ги разделат најжестоките учесници.

Инцидентот се случи по уште една драматична пресметка меѓу Аргентина и Англија, во која актуелниот светски првак со гол во последните минути избори место во големото финале.

е-Трн да боцка во твојот инбокс