Игор Џамбазов слави 63. роденден: „Кога наполнив 36 не бев сигурен дали ќе доживеам 63″

Актерот, музичар и шоумен Игор Џамбазов денес слави роденден. Игор наполни 63 години, и во свој препознатлив стил, сподели интересна објава на социјалните мрежи.

Покрај фотографија од себе зад микрофон, тој напиша: „Кога наполнив 36 не бев баш сигурен дали воопшто ќе доживеам 63. Ама еве ме. Жив, и по малку здрав. Но во форма. И полн со енергија. Огромно благодарам до сите вас што ме подржувавте сиве овие години… И да знаете: 63 се новите 36. Следна цел: Проект 99. 63+36=99″.

Во коментарите под објавата пристигнаа бројни честитки од колеги, пријатели и обожаватели. Пејачката Маја Вукичевиќ му напиша: „Среќен роденден пријателе, време е за нова етапа во животот. На патот да ти доаѓаат само убави луѓе, да си ми жив и здрав… Те сакаат Маја и Горазд”. Неговата сестра Тања, која живее во странство, но останува блиска со него, му порача: „Братче мое, само насмеан и здрав… Сè друго секундарно… ама и едно чупенце годинава да ти донесе. Највеќе на свет те сакам и гушкам!”

Со децении, Џамбазов нè учи дека смеата е лек, а уметноста начин на живот. Тој е фигура која стана популарна низ театарот, филмот и телевизијата, останувајќи препознатлив глас и лик за повеќе генерации публика во Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс