Хрватска го дозна противникот во нокаут-фазата на Светското првенство – еве кога игра

вКапитенот Лука Модриќ повторно испиша историја. Со асистенцијата за победничкиот гол на Никола Влашиќ, на возраст од 40 години и 292 дена, стана највозрасниот асистент во историјата на Светските првенства.
epa13069642 Nikola Vlasic (R) of Croatia celebrates with teammates after scoring his team's second goal during the FIFA World Cup 2026 group stage match Croatia against Ghana, in Philadelphia, USA, 27 June 2026. EPA/WILL OLIVER

Хрватска ја исполни првата цел на Светското првенство, обезедувајќи место во нокаут-фазата, а веќе е познат и нејзиниот противник во шеснаесетфиналето. Со победата од 2:1 над Гана во последното коло од групата Л, Хрватска го освои второто место во групата. По ремито без голови меѓу Колумбија и Португалија, стана јасно дека Хрватите во шеснаесетфиналето ќе се соочат токму со Португалија. Натпреварот ќе се одигра во петок, 3 јули, во 01:00 часот по македонско време, на стадионот БМО Филд во Торонто.

Тежок пат до четвртфиналето

Доколку ја елиминира Португалија, Хрватска во осминафиналето најверојатно ќе игра против победникот од дуелот меѓу Шпанија и Австрија, што значи дека ја очекува исклучително тежок пат кон четвртфиналето.

Далиќ задоволен од изданието

Селекторот Златко Далиќ по победата над Гана изјави дека ова било вистинското лице на неговата репрезентација.

„Малку експериментирав на првите два натпревари, но ова е вистинската Хрватска“, порача Далиќ, кој истовремено беше незадоволен од судењето, оценувајќи дека израмнувачкиот гол на Гана требало да биде поништен поради офсајд.

Модриќ испиша историја

Капитенот Лука Модриќ повторно испиша историја. Со асистенцијата за победничкиот гол на Никола Влашиќ, на возраст од 40 години и 292 дена, стана највозрасниот асистент во историјата на Светските првенства.

Во одлучувачкиот натпревар против Гана, Далиќ направи три измени во стартниот состав. Од првата минута настапија Анте Будимир, Никола Влашиќ и Петар Сучиќ, додека на клупата останаа Јошко Гвардиол, Марко Пашалиќ и Петар Муса.

е-Трн да боцка во твојот инбокс