Засилен сообраќај и зголемена фреквенција на возила и натаму се бележат на граничниот премин Богородица, каде голем број граѓани се упатуваат кон Грција на летување.
Зголемениот број патници создава гужви на преминот и подолги задржувања за оние кои патуваат кон грчките туристички места.
Во екот на летната сезона, ГП Богородица традиционално е еден од најфреквентните гранични премини, особено во периодите кога голем број туристи тргнуваат или се враќаат од одмор.
На патниците им се препорачува пред поаѓање да ја проверат состојбата на граничните премини и, доколку е возможно, да го приспособат времето на патување за да избегнат подолги задржувања.