Гужва на граничните премини, на Богородица долга колона возила уште рано утрово

Според снимката направена околу 6:45 часот, голем број автомобили се наредени во повеќе колони и чекаат за преминување на границата.

Долга колона возила утрово е забележана на граничниот премин Богородица, на излез од Македонија кон Грција. Според снимката направена околу 6:45 часот, голем број автомобили се наредени во повеќе колони и чекаат за преминување на границата.

Зголемена фреквенција се очекува во текот на продолжениот викенд, кога голем број граѓани патуваат кон грчкото крајбрежје. Дополнителен притисок врз граничниот премин создава и смената на туристите. Возачите кои денеска патуваат кон Грција се советуваат да имаат трпение и пред поаѓање да ја проверат актуелната состојба на граничните премини.

е-Трн да боцка во твојот инбокс