Таткото на загинатиот тапанар Ѓорѓи реагира: „14 кражби од гробот на нашиот ангел“

аткото на Ѓорѓи Ѓоргиев, младиот тапанар кој загина во пожарот во „Пулс“, реагираше на социјалните мрежи дека повторно се случуваат кражби од гробот на неговиот син.

Таткото на Ѓорѓи Ѓоргиев, младиот тапанар кој загина во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, повторно реагираше на социјалните мрежи поради, како што наведува, нови кражби од гробното место на неговиот син.

Во емотивна објава, тој тврди дека и по погребот не престануваат непримерните постапки и дека од гробот на Ѓорѓи повеќепати биле одземани предмети. Според неговите зборови, досега се случиле 14 кражби.

Тој во објавата изразува болка, револт и неверување, прашувајќи како некој може да краде од гроб на млад човек.

„14 кражби на гробот на нашиот ангел, не знам со какво срце и душа сѐ уште крадат“, напиша таткото на Ѓорѓи.

Во објавата тој упати и порака до жената која, според него, украла саксии од гробот на неговиот син.

„Да си ми жива и здрава тетке, која ли да си, да ти се живи и здрави децата“, напиша Драги, таткото на Ѓорѓи.

Случајот е објавен на социјалните мрежи и засега станува збор за лична реакција на семејството. Нема официјални информации од надлежните институции дали е поднесена пријава или дали се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Објавата предизвика реакции во јавноста, особено поради чувствителноста на случајот и болката на семејството кое повторно се соочува со вознемирувачки ситуации по трагичната загуба.

е-Трн да боцка во твојот инбокс