Грција блокирана поради масовен штрајк

Меѓу клучните барања од штрајкот се зголемување на платите, унапредување на работничките права и воспоставување поправеден даночен систем

Масовни штрајкови и протести се случуваат денеска во Грција по пвоод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.

Во организација на синдикатите од јавниот и приватниот сектор, низ Грција денеска се одржуваат бројни протести кои опфаќаат клучни стопански гранки.

Во прекин се бродскиот и железничкиот транспорт, а проблеми има и во јавниот превоз. Во Атина, метрото и трамвајот се во 24-часовен штрајк, додека автобусите и тролејбусите сообраќаат со ограничен режим од 9 до 21 часот. Во Солун, пак, на улиците се пуштени само околу 50 автобуси.

Двата најголеми синдикати во земјата прогласија 24-часовен генерален штрајк и велат дека на овој начин оддаваат почит на историските работнички борби, но и испраќаат порака дека актуелните барања се насочени кон подобра иднина.

Меѓу клучните барања од штрајкот се зголемување на платите, унапредување на работничките права и воспоставување поправеден даночен систем.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни