Утре бесплатно паркирање на дел од паркинзите на ЈП „Градски паркинг“

По повод 1 Мај, ЈП „Градски паркинг“ нема да наплаќа зонско паркирање и паркирање на „Зоил“ и „8 Септември“, додека дел од паркинзите ќе работат со редовна наплата.

По повод 1 Мај, нема да се наплаќа паркирање на зонските јавни површини и на паркиралиштата „Зоил“ и „8 Септември“, но дел од паркинзите ќе работат со редовна наплата.

ЈП „Градски паркинг“ информира дека утре, по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, нема да се врши наплата на јавните површини наменети за зонско паркирање со кои стопанисува претпријатието.

Без наплата ќе бидат и јавните паркиралишта „Зоил“ и „8 Септември“.

Редовна наплата ќе се врши на зона А0 Водно, во катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, како и на јавните паркиралишта „Кочо Рацин“, „Градска болница“, „Нова Македонија“, АМСМ, „Народен фронт“, „Треска“ и Клинички центар „Мајка Тереза“.

Од претпријатието ги повикуваат корисниците навреме да се информираат за режимот на наплата пред да ги користат паркинзите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни