Настанот се случил кога Јеба во еден момент го зел новороденото бебе од мајката, 37-годишната Јоас, и повеќе не ѝ дозволувал да се приближи, што довело до судир меѓу двете возрасни животни.
За време на борбата, таткото случајно го каснал бебето, каснување кое се покажало смртоносно, објасни портпаролот на зоолошката градина, Штефан Лајмер. По загубата, мајката повторно го зела телото на младенчето и сега го носи со себе, однесување вообичаено кај горилите, во кое зоолошката градина нема да се меша.
Истиот ден, Јеба тешко го повредил и единаесетгодишниот мажјак Мобали, чија состојба била толку тешка што бил евтанизиран за да му се скратат маките. Јеба во Базел пристигнал во октомври минатата година од зоолошка градина во Франција. Зоолошката градина сега внимателно ја следи динамиката во групата, особено бидејќи наскоро се очекува раѓање на уште едно младенче.
Убиството на младенчиња кај горилите, познато како инфантицид, не е невообичаено однесување и најчесто се случува кога нов доминантен мажјак ја презема групата. Иако овој случај се опишува како ненамерен, се случил токму во контекст на воспоставување доминација на новиот мажјак.