Почина Горан Булатовиќ Манза, основач и поранешен тапанар на „Партибрејкерс”

Горан Булатовиќ Манза, тапанар и еден од основачите на рок бендот „Партибрејкерс”, почина на 66-годишна возраст, потврди бендот на својот Фејсбук профил.

„Последен поздрав на Манза, основачот на Партибрејкерс. Беше неповторлив. Еден од двајцата кои влијаеја на моето растење. Ти благодариме за сè!” напишаа од групата во објавата.

Белградската група „Партибрејкерс” ја основаа во 1982 година Зоран Костиќ Цане како вокал, Горан Булатовиќ Манза на тапани, и гитаристите Небојша Антониeвиќ Антон и Љубиша Костадиновиќ.

Првиот настап го одржаа на 4 октомври 1982 година во „Дадов”, како предгрупа на бендот „The Fifties”, по што следеа бројни настапи.

Со бендот Булатовиќ го сними и нивниот истоимен дебитантски албум од 1985 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс