Голем пожар беснее на Делчевски Голак: Стотици луѓе од копно и од воздух се борат со огнената стихија

Пожарот на Делчевски Голак се гасне од копно и од воздух, а засега нема официјални информации за причината и размерите.

Голем пожар попладнево беснее на Делчевски Голак, каде што во гаснењето се вклучени стотици луѓе и сили од копно и од воздух. За пожарот има и актуелни снимки и информации од теренот.

Според првични и неофицијални информации, објавени од Кире Михаилов, огнот наводно започнал во двор во селото Бигла, Делчевско. Оваа информација засега нема официјална потврда.

„Страшно е, навистина. Стотици луѓе од копно и од воздух се борат со ова чудовиште“, напиша Михаилов, изразувајќи надеж дека пожарот наскоро ќе биде ставен под контрола.

Засега нема официјални информации за причината за избувнувањето, точната површина зафатена од огнот или евентуалната материјална штета.

Ситуацијата останува динамична, а екипите продолжуваат со интервенцијата

е-Трн да боцка во твојот инбокс