Дел од корисниците во општина Ѓорче Петров денеска, 28 мај, ќе останат без електрична енергија во претпладневните часови, информира ЕВН Македонија.
Прекинот е најавен во периодот од 09:00 до 13:30 часот, а ќе ги опфати корисниците лоцирани кај раскрсницата меѓу улиците „Борис Сарафов“ и „Кузман Шапкарев“.
Од ЕВН посочуваат дека станува збор за планирани активности во електродистрибутивната мрежа, поради што снабдувањето со електрична енергија ќе биде привремено прекинато до завршување на работите.