Новак Ѓоковиќ на Отвореното првенство на САД ќе се обиде уште еднаш да дојде до 25. Грен слем во кариерата.
Ѓоковиќ во првото коло за протвник ќе го има Аргентинецот Маријано Навоне, а мечот се игра во понеделник, во еден часот по полноќ.
Пред почетокот на турнирот, Србинот се обрати на јавноста на прес-конференција, каде меѓу другото зборуваше и за неговиот неодамна промовиран документарец.
„Многу сум горд на мојата долговечност, тоа е она што го сакав уште од мал. Да останам здрав долго време и да можам да играм што е можно подолго, одлично е да се знае дека се враќам на слем турнирите 20 години по ред. Мислам дека само неколкумина од нас играле од 2006 година – Вавринка, Монфис и Чилиќ. Тоа е убаво. Се сеќавам на пет сета со Монфис и еве нè 20 години подоцна, претставувајќи ја старата генерација“, се присети Ѓоковиќ.
На последниот турнир кој го играше во Синсинати, Ѓоковиќ претрпе шокантен пораз на стартот од Тиаго Агустин Тиранте. Сепак, тој сега вели дека е максиално подготвен.
„Не сакам да губам никаде, но тоа ми даде време да се подготвам за Отвореното првенство на САД. Ми даде две недели да тренирам, да го подготвам моето тело и ум за она што доаѓа. Ако ме прашате дали сум подготвен, јас сум најдобар што можам да бидам, потенцираше Ѓоковиќ.