Елиминацијата на Германија од Светско првенство во фудбал 2026 предизвика жестоки реакции во германските медиуми, кои поразот од Парагвај го нарекоа „колосална срамота“ и отворено го посочија селекторот Јулијан Нагелсман како главен виновник.
Германија беше елиминирана по изведување пенали, откако натпреварот по регуларните 90 минути и продолженијата заврши 1:1. За германската репрезентација ова е прв пораз по пенал-рулет на едно Светско првенство.
Најтиражниот германски весник Bild поразот го оцени како „колосална срамота“, наведувајќи дека репрезентацијата се „осрамотила до срж“. Во анализата се истакнува дека германските фудбалери одиграле без идеја, особено во првото полувреме, додека Нагелсман ја добил најниската можна оценка.
И Kicker беше остар, оценувајќи дека елиминацијата е „обвинение за германскиот фудбал и за Нагелсман“, со забелешка дека селекторот не успеал да го обедини тимот и да ги извлече неговите најсилни страни.
Весникот Süddeutsche Zeitung кратко ја сумираше атмосферата со насловот „Нова срамота“, додека Frankfurter Allgemeine Zeitung оцени дека односот меѓу Нагелсман и репрезентацијата е „непоправливо нарушен“ и прогнозира дека 38-годишниот стратег би можел наскоро да ја напушти функцијата.
По елиминацијата, германските медиуми веднаш почнаа да шпекулираат за можниот наследник на Нагелсман. Најчесто споменувано име е Јирген Клоп, поранешниот тренер на Ливерпул и Борусија Дортмунд, кој со години важи за еден од главните кандидати за селекторската функција на германската репрезентација.