Германија и Парагвај вечерва од 22:30 часот ќе се соочат во осминафиналето на Светското првенство, а селекторите веќе ги објавија стартните состави за натпреварот што ќе се игра во Бостон. Германската репрезентација ќе настапи со офанзивно поставен тим, предводен од голманот Мануел Нојер. Во одбраната ќе играат Браун, Џонатан Та, Антонио Ридигер и Јошуа Кимих, додека средниот ред ќе го сочинуваат Александар Павловиќ и Феликс Нмеча.
Во нападот селекторот ќе се потпре на креативноста на Флоријан Вирц, Кај Хаверц и Лерој Сане, зад најистурениот напаѓач Дениз Ундав. Парагвај ќе настапи со Гил на голот, а во стартниот состав се и Алонсо, Канале, Гомез, Касерес, Бобадиља, Кубас, Галарса, Мигел Алмирон, Хулио Енсисо и Авалос.
Германија до нокаут-фазата стигна како првопласирана во својата група, пред Брегот на Слоновата Коска, Еквадор и Курасао, додека Парагвај го освои второто место зад САД, оставајќи ги зад себе Австралија и Турција. Победникот од овој дуел во четвртфиналето ќе се сретне со подобриот од натпреварот меѓу Шведска и Франција.