Search

Генерација ,,Алфа’’: Од што се зависни младите родени после 2010 година?

Кога се  зборува за поделбата на луѓето според нивната возрасна група и особини, постојат неколку генерации: „Беби-Бум“ генерација, „Милениумци“, генерација ,,Z“ и генерација,, Алфа“.

Овие поделби  се однесуваат на различни генерации, од кои секоја се карактеризира со временскиот период во кој се родени овие поединци.

Генерација Беби Бум
Години на раѓање: Генерално родени помеѓу 1946 и 1960 година.

Генерација Х
Години на раѓање: Помеѓу 1961-1980

Генерација Милениумци
Години на раѓање: Обично се смета дека се родени помеѓу 1981 и 1996 година.

Генерација Z
Години на раѓање: приближно од средината на 1990-тите до почетокот на 2010-тите.

Генерација Алфа
Години на раѓање: почнувајќи од раните 2010-ти и продолжувајќи во 2020-тите.

Секоја од овие генерации е позната по својот сет на карактеристики и особини.

На пример, повеќето беби-бумери можеби не ја знаат технологијата многу добро, но тие се добро начитани и имаат интересни приказни за раскажување.

За GenZ, случајот е сосема спротивен. GenZ се познати по тоа што се пријателски настроени кон технологијата.

А милениумците? Па, тие се заглавени помеѓу овие две генерации, и се трудат да се снајдат и да се вклопат.

Што е карактеристично за генерација Алфа?

Во генерација Алфа спаѓаат оние кои се родени од раните 2010-ти до 2020-тите. Тие се деца на милениумците и се првата генерација која е целосно воспитана во 21 век.

Gen Alpha исто така е првата генерација која порасна во целосно дигитален свет, опкружен со телефони и таблети. Според ова, нивниот извор на информации, забава, па дури и едукација е интернетот.
Бидејќи тие се прилично млади, сè уште се појавуваат специфични особини и карактеристики поврзани со нив.

Но, еве неколку особини што ги имаат:

Социјално свесни и гласни

Се грижат за екологијата

Страст за менталното здравје

Одгледани од родители кои се грижат за здравјето

Претпочитаат визуелна содржина

Позрели од нивната возраст

Силна самосвест

Независни

Но што е она што најмногу влијаело во развивање на овие карактеристики кај генерацијата ,,Алфа’’?

Родени за време на Ковид

Пандемијата Ковид-19 влијаеше на сите нас, без разлика на која генерација припаѓаме. Влијанието не беше само економско, туку имаше сериозни импликации врз менталното здравје на сите, што резултираше со психолошки проблеми, вклучувајќи фрустрација, стрес и депресија.

За време на пандемијата, децата на генерација ,,Алфа’’ беа прилично млади. Но, наместо да истражуваат на отворено и да си играат надвор (што беше добро за нив), тие се најдоа затворени во своите домови пред екраните.

Паметни телефони, паметни телевизори, таблети – и сè што ќе им го одвлекува вниманието. Експертите веруваат дека оваа промена влијаела на умовите на овие деца и го обликувала начинот на кој тие комуницираат со светот.

Недостаток на социјални вештини

Според психолозите, прекумерна употреба на дигитални гаџети и социјални медиуми може да влијае на нечиј физички развој и мобилност. Прекумерното потрошено време на телефоните навистина може да влијае на социјалните вештини на младите од генерација ,,Алфа’’ бидејќи нивните интеракции лице-в-лице со останатите се значително намалени.

Кратко задржување на вниманието

Ира – која веќе 16 години работи како учителка приметила дека младите кои припаѓаат на генерација ,,Алфа’” многу кратко го задржуваат нивното внимание на било што . Главните извори на информации и образование за децата на генерација ,,Aлфа’’ се преку социјалните мрежи а најмногу преку кратки видеа.

Како родителите  го контролираат времето поминато на екранот на нивните деца?

Ира објаснува дека како некој што е долго време во учителската професија она што таа го применува кај своето дете го нарекува „обратна психологија“ .

Таа и нејзиниот сопруг се погрижуваат да не му даваат значење на „времето поминато пред екранот“, и на тоа гледаат како нешто сосема небитно, така што таа е сигурна дека и нејзиното дете нема да направи голема работа од тоа. Кога нешто им е забрането или ограничено на децата тие тогаш ќе се обидуваат по секоја цена да го добијат тоа.

„Секогаш кога моето дете сака да го користи телефонот или таблетот – ние му дозволуваме. На крајот му здосадува после 10-20 минути и го остава. Сега е многу повеќе заинтересиран за велосипедот на мојот сопруг.”

Извор: Meet Gen Alpha: Parents and teachers reveal how they are coping with the iPad kids – India Today

Најново

Последни колумни