Gen Z има нов тренд: пријателствата ги слави како љубовни врски

Припадниците на Gen Z сè почесто ги ставаат пријателствата пред романтичните врски, слават годишнини, подаруваат симболични подароци и размислуваат за заеднички живот со пријатели.
Happy women in casual outfits enjoy live concert, sunny seascape setting. Group of girls at summer music festival on sandy beach celebrate, holding drinks, dancing. Youth culture, friendship moments.,Image: 999391022, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Artem Medvediev / Alamy / Profimedia

Кај младите сè повеќе се менува начинот на кој се разбираат блиските односи. Додека животот без партнер станува поприфатен избор, припадниците на Gen Z сè почесто ги ставаат пријателствата во центарот на својот живот.

Причините се различни – високи трошоци за живот, замор од апликациите за запознавање, променети приоритети или едноставно желба за поинаков вид блискост. Наместо романтичните врски да бидат единствениот „главен“ однос, многу млади денес ја слават платонската љубов со исто внимание.

Пријателство пред романса

Според истражување нарачано од Etsy, речиси половина од припадниците на Gen Z, односно 48 проценти, сметаат дека нивните најблиски пријателства заслужуваат иста прослава како и романтичните врски.

Дури 57 проценти од испитаниците планирале или организирале своевидна „просидба за пријателство“ – посебен момент во кој некого го прашале дали сака да им биде најдобар пријател.

Младите сè почесто одбележуваат годишнини од пријателства, си подаруваат симболични подароци и размислуваат за долгорочен заеднички живот со пријател. Гестови кои порано најчесто се поврзуваа со љубовни врски, сега стануваат дел и од пријателските односи.

Нови ритуали за блискост

За многу млади, пријателствата повеќе не се само дел од социјалниот живот, туку главен извор на емоционална поддршка, стабилност и чувство на припадност.

Дваесет и деветгодишната дизајнерка Лаара, на пример, неодамна ја одбележала првата годишнина од пријателството со една од своите најблиски пријателки. Од илустратор нарачала нејзин портрет и ѝ го подарила заедно со емотивно писмо.

„Ѝ подарив портрет и напишав писмо за тоа колку ми значи нашето пријателство и како ми го разубави животот. Тоа го доживеав како многу романтичен гест, иако меѓу нас нема такви чувства. Беше навистина убав начин да прославиме однос во кој се поддржуваме“, раскажала таа.

Таа додава дека иако нема партнер, се чувствува посреќно, бидејќи преку пријателствата добила чувство на заедништво.

Платонската љубов станува поважна

Dayna Isom Johnson, експертка за трендови во Etsy, смета дека станува збор за поширока културна промена.

„Сведочиме на културна промена во која платонската љубов се слави со еднакво, ако не и поголемо внимание и значење од романтичните врски“, вели таа.

Според неа, луѓето повеќе не испраќаат само кратки пораки, туку создаваат свои ритуали, одбележуваат важни моменти и покажуваат долгорочна посветеност кон пријателите кои им значат најмногу.

Истражувањето покажало и дека 54 проценти од младите на возраст од 18 до 24 години им купуваат подароци на пријателите „само така“, без посебен повод.

На Etsy расте интересот за накит што симболизира пријателство, персонализирани подароци и честитки за годишнини од пријателство. Според Isom Johnson, тоа е дел од сè повидливиот бран на „модерна платонска љубов“.

Повеќе би живееле со пријател отколку со партнер

Трендот не застанува само на подароци и прослави. Дури 47 проценти од припадниците на Gen Z изјавиле дека би сакале долгорочно да живеат со најдобар пријател, доколку имаат таква можност.

Некои би биле подготвени со пријател да поделат и многу поголеми животни обврски.

„Ако пријателството се покаже како однос полн со поддршка и доверба, дефинитивно би размислила за станбен кредит со пријател пред да размислам за тоа со партнер“, вели Лаара.

Таквото размислување покажува дека дел од младите повеќе не ги поврзуваат сигурноста, заедничкиот дом и планирањето на иднината исклучиво со романтичен партнер.

„Партнерот не може да биде сè“

Слично размислува и уметницата Тамара, припадничка на миленијалската генерација, која поголем дел од своите дваесетти и рани триесетти години ги поминала во врски.

Како квир личност, таа зборува за притисоците на хетеронормативните очекувања и за раширеното уверување дека пријателите се само привремена замена додека не се најде партнер.

„Мислам дека пријателствата ми исполнуваат повеќе емоционални потреби. Постои очекување партнерот да ти биде сè – главна поддршка, најдобар пријател, најдобар љубовник. Јас не се согласувам со тоа. Не мислам дека една личност може или треба да биде сè за друга“, вели таа.

Gen Z и миленијалците можеби имаат различни искуства, но сè повеќе млади делат сличен став – пријателствата можат да бидат меѓу најважните и најдолготрајните односи во животот.

За многумина, блиските пријателства повеќе не се споредна работа ниту само додаток на љубовната врска. Тие стануваат длабоки, значајни односи, еднакво вредни за време, труд и прослава.

е-Трн да боцка во твојот инбокс