Галичка свадба со Трн и Телеком – традицијата и технологијата гушнати со радоста на 1400м надморска висина

Низ четири рилови, Дениз Абдула и Ана Стојановска ја пренесоа атмосферата од Галичката свадба 2026, со технолошка поддршка од Македонски Телеком.

Најпознатата македонска свадба и оваа година ги исполни галичките улици со музика, обичаи, емоции и илјадници посетители. Преку серија рилови, Трн и Телеком ја донесоа атмосферата од Галичката свадба директно до публиката, а низ приказната нè водеа Дениз Абдула и Ана Стојановска.

Нивното патување започна со потрагата по свадбената поворка, која ги одведе низ тесните галички сокачиња, меѓу зурли, тапани, концерт на Дупер и бројни насмеани лица. На место каде што историјата и современиот живот се среќаваат, тие покажаа дека традицијата може да се доживее и сподели во живо, благодарение на сигурната 5G мрежа на Македонски Телеком.

Во следниот рил, Дениз и Ана откриваа дел од богатите галички свадбени обичаи. Ана дозна повеќе за симболиката на стомните, додека Дениз се обиде да го совлада ритамот на легендарното „Тешкото“. Со насмевка покажаа дека редоследот на зетот и невестата можеби не е важен, но адетите се она што ја прави оваа свадба единствена.

Публиката имаше можност да ги види и највпечатливите моменти пред венчавката – традиционалното бричење на зетот, свечената поворка со коњи која тргнува по невестата и целото село претворено во свадбена сцена. Галичката свадба уште еднаш потврди дека секој обичај има своја приказна, а секој детал има свое значење.

Финалниот рил ја долови кулминацијата на прославата. Невестата го поведе орото, црквата беше исполнета за венчавката, а потоа калдрмата повторно оживеа со игра, песна и свадбарска радост. Дениз и Ана беа дел од атмосферата до самиот крај, испраќајќи свадбарски поздрав со добро познатото „Тана-нана-нааа“.

Со оваа серија видеа, Трн и Македонски Телеком уште еднаш покажаа дека технологијата не ја заменува традицијата, туку ѝ помага да стигне до уште повеќе луѓе. Благодарение на стабилната 5G мрежа, магијата на Галичката свадба годинава ја следеа и оние кои не беа на 1.400 метри надморска височина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс