Над 220 фонтани за пиење вода повторно се во функција низ Скопје

Повеќе од 220 фонтани за пиење вода низ Скопје се повторно ставени во функција, а Градот најавува и поставување нови фонтани на фреквентни локации.

Повеќе од 220 фонтани за пиење вода низ Скопје повторно се ставени во функција, информираа од Град Скопје.

Во соработка со ЈП „Водовод и канализација“, биле мапирани, сервисирани и повторно оспособени голем број фонтани кои со години биле надвор од употреба поради дефекти и негрижа.

Од Градот најавуваат дека паралелно со обновата на постојните, се работи и на поставување нови фонтани на повеќе фреквентни локации низ Скопје.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека активностите за подобрување на градската инфраструктура продолжуваат.

„Продолжуваме со работа до секој детал, за секој граѓанин“, порача Ѓорѓиевски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс