Синоќа во античкиот театар во древниот град Хераклеја Линкестис во Битола, концерт одржа познатитиот битолски бенд „Фолтин“.
За бендот и публиката ова беше посебен настан затоа што пред 30 години од истотот место „Фолтин“ тргна да ја освојува македонската и регионалната публика.
– Не се враќаме во Хераклеја за да направиме ретроспектива. Се враќаме за да провериме дали пулсот сè уште чука. Во изминатите три децении се менувале луѓето, музиката, градовите и сцените, но публиката останала константа. Токму затоа, „Фолтин 30“ не го доживуваме како своја прослава, туку како прослава на сите оние кои во изминатите 30 години биле дел од приказната, од оние кои биле на првиот концерт во Хераклеја, до оние кои „Фолтин“ можеби првпат ќе го слушнат вечерва – рекоа од бендот пред концертот.
Пред многубројната публика „Фолтин“ донесе специјална концертна програма, гости и изненадувања, а беа изведени песни кои одамна не беа дел од нивните настапи.
„Фолтин“ во текот на целата година имше низа концерти, настани и слушачки промоции со гои одбележуваат 30 години на сцената.