Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, во соработка со Град Скопје и Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, го најавуваат првото издание на Фестивалот на улична уметност French Connection, кое ќе се одржи на 16 и 17 октомври 2026 година во Скопје.
Фестивалот е прва иницијатива во рамките на соработката помеѓу Францускиот институт во Скопје и Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, воспоставена со потпишувањето на Меморандумот за соработка на 15 октомври 2026 година. Меморандумот има за цел да ја поттикне културната и уметничката размена меѓу Франција и Република Северна Македонија, со посебен акцент на развојот на културните и креативните индустрии во пресрет на Скопје 2028.
Ова издание има амбиција да прерасне во годишен настан, кој ќе ги поврзува уметниците, публиката и градовите преку современи уметнички форми достапни за сите.
Програма на Фестивалот:
Петок 16 октомври 2026 година, 20:00 часот
„СЕЛЕСТ“ на трупата Деплиме (Les Déplumés)
Поаѓање од Музејот на град Скопје, по улица Македонија, преку Камениот мост до платформата пред Униеврзитетот на Југоисточна Европа
Сјајна и мистериозна, СЕЛЕСТ се појавува над минувачите, танцува со воздушните струи и ги осветлува лицата на публиката.
Официјално отворање: Марјан Цветковски, директор на Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, и Грегоар Жислер, директор на Францускиот институт во Скопје и Советник за култура и соработка во Амбасадата на Франција.
Сабота 17 октомври 2026 година
20:00 часот, Плоштад Карпошово востание
„Фратело“ на трупата Бестиа (Bestia)
Два уметника и совршена координација. „Фратело“ е динамичен перформанс кој низ движењето ја истражува довербата и поврзаноста меѓу двајца сценски партнери и комуницира без зборови.
21:00 часот, фонтана „Лотос“, Градски парк
„Танцот на водните нимфи“ на трупата Гвам (Gwam)
Музички и визуелен спектакл и имерзивно искуство што ја носи публиката во волшебниот свет на морските длабочини, преку флуидни движења, фосфоресцентни бои и хипнотички звуци.
„Танцот на водните нимфи“ на трупата Гвам ќе биде изведена и во Тетово и Битола:
- Тетово: четврток 15 октомври 2026 година, во 19:00 часот
- Битола: петок 16 октомври 2026 година, во 20:00 часот
Во рамките на фестивалот, во четврток 15 октомври 2026, од 18:00 до 19:30 часот, во Францускиот институт во Скопје ќе се одржи и професионална средба посветена на уличните уметности и културната соработка. На средбата ќе учествуваат гостите од Франција, претставници на Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, македонски уметници, директори на фестивали и претставници на секторот за култура на Град Скопје.
Средбата ќе ја модерира Звонко Наумоски, извршен директор на Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“.
Повеќе информации за програмата и француските уметнички трупи што гостуваат во Северна Македонија се достапни на веб-страницата на Францускиот институт во Скопје: https://ifs.mk/.
