Федоров нуди армија дронови за американски ракети Патриот

Поранешниот украински министер за одбрана во Вашингтон бара приватен капитал за развој на воени технологии и евтини ракети.

Поранешниот украински министер за одбрана Михајло Федоров престојува во Вашингтон каде бара американски капитал за нов фонд за одбранбени технологии. Тој изјави дека Украина е подготвена да им помогне на САД да изградат сопствена армија од дронови, под услов Киев да добие ракети за системите Патриот за одбрана од руските воздушни напади.

Во разговор за Фајненшел тајмс, Федоров потврди дека разговара со претставници на американски технолошки компании и фондови за ризичен капитал. Идејата е да се обезбедат приватни западни инвестиции кои ќе овозможат директно основање нови компании и финансирање на постоечки украински стартапи.

Според него, фондот ќе се разликува од класичните инвестициски модели бидејќи ќе развива технологија директно применлива на бојното поле.

Планот на Федоров содржи три почетни насоки. Првиот фокус е воведување копнена и воздушна роботика за да се намали потребата од жива сила на фронтот.

Вториот приоритет опфаќа евтини и брзи дронови-пресретнувачи насочени против руските беспилотни летала на млазен погон. Третата цел е масовно производство на евтини ракети опремени со системи за вештачка интелигенција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс