ФБИ истражува нов хакерски напад врз американската национална база на податоци за криминал

Неовластениот упад во системот што го користат полициските служби низ САД е втор ваков сајбер-инцидент во ФБИ во последните неколку месеци.

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) истражува нов хакерски упад во Националниот центар за информации за криминал (NCIC) – национална база на податоци што ја користат полициските и другите безбедносни служби низ САД за размена на информации за потерници и проверки на минатото на лица, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на два извора запознаени со истрагата.

Системот претставува важна врска меѓу федералните, државните и локалните органи за спроведување на законот, а новиот упад е втор ваков сајбер-инцидент во ФБИ во последните неколку месеци.

Откако во четвртокот дознале за најновиот инцидент, претставници на ФБИ не излегле со детали за обемот на упадот или за тоа какви податоци можеби биле компромитирани.

Во меѓувреме, директорот на ФБИ, Каш Пател, гостувајќи на телевизијата „Фокс њуз“, зборувал за активностите на бирото во областа на сајбер-безбедноста. Тој ја споменал и операцијата „Зимски штит“, завршена пред неколку месеци, чија цел била да ги поттикне компаниите да ги ажурираат своите системи и да спречат хакери да дојдат до чувствителни податоци.


Извор: Си-Ен-Ен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс