Вечерва од 21 часот во салата Wiener Stadthalle во Виена ќе се одржи второто полуфинале на Евровизија 2026, каде 15 земји ќе се борат за место во големото финале на едно од најгледаните музички натпреварувања во Европа.
Публиката ја очекуваат атрактивни сценски настапи и интензивна борба за последните десет финални места, кои ќе бидат познати по завршувањето на вечерта.
На сцената ќе настапат претставници од Бугарија, Азербејџан, Романија, Луксембург, Чешка, Ерменија, Швајцарија, Кипар, Латвија, Данска, Австралија, Украина, Албанија, Малта и Норвешка, додека Франција, Обединетото Кралство и Австрија се директни финалисти.
Според обложувалниците, меѓу главните фаворити се Украина и Норвешка, додека настапот на Австралија привлекува посебно внимание поради сценографијата и енергичната изведба.
Да потсетиме, од првото полуфинале веќе се пласираа Грција, Финска, Белгија, Шведска, Молдавија, Израел, Србија, Хрватска, Литванија и Полска.