Патниците сѐ почесто ги избираат Порто Санто, Сирос и Лофотските Острови наместо преполните туристички дестинации. Еве зошто овие европски острови се во тренд за 2026 година.

Сѐ повеќе туристи ги избегнуваат познатите острови и избираат скриени европски бисери

Сѐ повеќе патници се откажуваат од преполните туристички дестинации и избираат помали острови кои нудат мир, природна убавина и автентично искуство. Според најновата анализа на туристичката платформа Expedia, интересот за островски одмор во 2026 година значително расте, а пребарувањата за вакви дестинации се зголемени за околу 55 проценти во однос на лани.

Меѓу европските острови кои бележат најголем пораст на популарноста се португалскиот Порто Санто, грчкиот Сирос и норвешките Лофотски Острови. Заедничко за сите нив е тоа што нудат далеку помалку гужви од познатите туристички центри, но изобилуваат со природни убавини и локална култура.

Порто Санто се издвојува како потивка алтернатива на Мадеира, со долги песочни плажи и релаксирана атмосфера. Сирос, пак, привлекува посетители кои сакаат да ја доживеат автентичната Грција, со традиционална архитектура, богата гастрономија и мирни приморски места.

За љубителите на авантури, Лофотските Острови се вистински избор. Архипелагот е познат по спектакуларните фјордови, високите планински врвови и живописните рибарски населби, а посетителите таму можат да уживаат во планинарење, кајакарење и уникатниот феномен на полноќното сонце во лето.

Експертите советуваат патувањата да се планираат надвор од главната туристичка сезона, кога цените се пониски, а доживувањето е многу помирно. Тие препорачуваат и навремена резервација, бидејќи интересот за овие дестинации постојано расте.

е-Трн да боцка во твојот инбокс